Металург – Вардар во првото коло од ракометниот плеј-оф

Од:

Дербито меѓу големите ривали Металург и Вардар ќе го одбележи стартот на ракометниот плеј-оф во македонското ракометно првенство.

Претстојниот викенд ќе започне борбата за шампионскиот трофеј во домашното ракометно првенство, во кое „топ„ фаворитот и бранител на трофејот Вардар во 1.коло ќе гостува кај градскиот ривал Металург.

Оваа средба ќе се игра во недела во салата Автокоманда со почеток од 18 часот.

Викендов почнува ракометниот плеј-оф, а најинтересниот меч е уште во првото коло, Металург ќе биде домаќин на Вардар.

Во другите натпревари од воведното коло кои ќе играат во сабота, Борец ќе биде домаќин на Пелистер, додека Охрид ќе го пречека битолски Еурофарм Работник.

Според претходно утврдениот систем за натпреварување, во плеј-офот ќе се одиграат десет кола по принципот дома-гости, а сезоната ќе заврши на почетокот од јуни.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

Македонските ракометари во група со Франција и Германија на ЕУРО 2024

Ана Ололовска

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Александар Јовиќ нов тренер на РК Еурофарм Пелистер

Ана Ололовска

Среќно „ракометно реми“ на Еурофарм Пелистер со Агуаш Санташ 27:27

Ана Ололовска