Во реонот на чилеанскиот главен град Сантијаго е изградена куќата „Каза Чамисеро“, која со својата спектакуларна комбинација на структурните и естетските елементи драстично се разликува од објектите во нејзиното опкружување.
Куќата е дизајнирана со цел да обезбеди непречен поглед кон околните планини, но и максимална приватност на нејзините станари. „Каза Чамисеро“ е изградена од бетон, дрво и челик, кои имаат главна улога во дизајнот на градбата.
Најистакнат дел во куќата е оградата која е поставена околку целото приземје, со што се дефинира карактеристиката на целата структура на куќата и се создаваат микроклиматски точки, благодарение на рефлексијата од базенот и бројното зеленило.
Куќата е поставена на бетонски столбови, а во бетонот, кој ја чини носечката структура на објектот, се вградени стаклени ѕидови и екстрени украсни елементи.
На долниот кат се наоѓа простор од две нивоа во кој се сместени дневната соба, трпезаријата и кујната, додека на горниот кат се сместени спалните соби со бањи.
Подрумскиот дел е искористен за сместување на музичката соба, просторијата за фитнес и домашното кино.
Трите новоа на куќата се поврзани со прекрасно дизајнирани скали, кои овозможуваат непречен проток на светлина.