Германија со критики за властите во Москва и Минск

Од:

Германската Влада денеска го критикуваше вчерашното апсењето на стотици опозициски демонстранти, кои во Москва и други градови протестираа против руската Влада.

– Правото на протести е основно човеково право, што е од огромна важност за руската демократија, изјави денеска портпаролот на германската Влада, Штефан Зајберт.

Германската Влада денеска упати критики и за апсењата на антивладини демонстранти што викендов се случија во Белорусија.

Според портпаролот на германското Министерство за надворешни работи, Мартин Шефер, апсењата на опозициските активисти во Белорусија, која последниве месеци имаше позитивен развој на демократските процеси е „враќање назад“.

Десетици илјади луѓе учествува вчера во антивладините демонстрации, во кои од властите во Русија и Белорусија беше побарано да преземат чекори во битката против корупцијата.

Меѓу уапсените во Москва е и лидерот на руската опозиција Алексеј Навални. кому по приведувањето московски Суд му одреди казна од околу 300 евра за организирање на протести без дозвола. Навални дополнително се соочува и со казна за отпор при апсењето.

Според руските власти, илегалните протести имаат за цел да предизвикаат насилство во земјата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа