Шин Феин и ДУП не постигнаа договор околу формирањето влада на Северна Ирска

Од:

Разговорите околу формирањето влада на Северна Ирска дојдоа до својот крај, соопшти ирската националистичка партија Шин Феин, додека од Лондон порачаа дека се надеваат дека владата сепак би можела да биде формирана пред истекот на рокот, денеска попладне.

Националистите и унионистите во Северна Ирска имаат рок до денеска да постигнат договор за формирање влада или ќе биде донесена одлука за одржување нови избори или управувањето повторно ќе биде пренесено на Лондон.

Лидерите на Шин Феин, Мишел Онил и Демократската унионистичка партија (ДУП) Арлен Фостер меѓусебно се обвинуваат за непостигнувањето договор околу клучните прашања.

Фостер исто така во соопштение наведе дека реалноста е таква и оти не дошло до напредок во преговорите.

Британскиот министер за Северна Ирска, Џејмс Брокеншајар побара од двете партии да се обидат дури и во оваа фаза да формираат влада.

Доколку договорот не биде постигнат до денеска попладне Брокеншајар ќе одлучи дали да распише нови избори, трети за помалку од една година или да го врати директното управување на Велика Британија врз Северна Ирска, против што се изјасни во повеќе прилики.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели фрлени врз полицијата во Северна Ирска пред посетата на Бајден

Ана Ололовска

Полицијата на Северна Ирска: Очекуваме терористички напади на Велигденскиот понеделник

Ана Ололовска

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Кралот Чарлс веќе се замори: Се врати во замокот за да земе слободен ден од неговиот напорен распоред

А1он

Почина Дејвид Тримбл поранешeн премиер на Северна Ирска

По оставката на Џонсон, ЕУ најави дека ќе продолжи да бара решенија за Северна Ирска

Ана Ололовска