Рибар спасен по 56 дена поминати на море

Од:

Рибарот од Филипини, Роналд Омонгос (21) е спасен во Папуа Нова Гвинеја, откако 56 дена минал на море, додека неговиот вујко починал, јавуваат медумите во Папуа Нова Гвинеја.

Двајцата рибари тргнале од Генерал Сантос, во јужниот дел на Филипините, во јануари, но ги погодило невреме и како што јавува „Пост Куриер“ нивниот рибарски брод е забележан на 9 март.

Весникот, повикувајќи се на локалната полиција, нагласува дека двајцата рибари немале храна и оти Омонгос го чувал на бродот телото на починатиот вујко, се додека тоа не почнало да се распаѓа.

Омонгос преживеал со само два канистри од по пет литри вода.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски