Заев до ЕУ за јубилејот: Цврсто сме определени кон европските вредности, очекуваме да се отворат вратите за Македонија!

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во чест на одбележувањето на 60 годишниот јубилеј од потпишувањето на Римскиот договор, со којшто се поставени основите на Европската Унија, во свое име и во име на СДСМ, денеска упати честитка до амбасадорот на ЕУ во Р.Македонија, Самуел Жбогар и до делегацијата на Европската Комисија во Р.Македонија.

„Востановените европски вредности се патот за демократски развој и унапредување и усовршување на демократските процеси како за земјите членки, така и на земјите аспиранти за членство во Унијата, независно од предизвиците пред коишто е денес таа исправена.

60-годишниот јубилеј на ЕУ е доказ дека е ова успешен проект за успешна иднина на државите членики на Унијата, како и на регионот што очекува интеграција.

Убеден сум дека единството, солидарноста и заедничката иднина на ЕУ, како и отвореноста на Унијата кон нови земји членки ќе продолжи да генерира стабилност и безбедност, економски просперитет и квалитетен живот на граѓаните од државите кои гравитираат на европското тло.

Во оваа прилика ја нагласувам цврстата определеност на СДСМ, како политичка партија, но и како субјект којшто очекувам дека ќе ја предводи новата реформска Влада во Македонија, за европска перспектива на Република Македонија во духот на европските вредности. Одлучни сме да воспоставиме независни државни институции, владеење на правото и правната држава, економски развој и социјална кохезија во земјата, преку развој на концетот на заедништво, наспроти концептот на поделби, како и интеграција, наместо политиките на изолација што изминатиов период ја загрозија европската иднина на Македонија.

Низ заедничка соработка со ЕУ како и досега, базирана на принципиелна и демократска основа, преку реформските процеси што ќе ги преземеме во периодот што престои, очекувам отворање на вратите на Европа за граѓаните на Република Македонија“.

Би можело да ве интересира

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Мицкоски ја труе Македонија – СДСМ бара 5 милиони евра од прославата со пејачи да се пренаменат за чиста вода

А1он

СДСМ: Загадена вода во шест населени места – без одговорност и кривични пријави

А1он

СДСМ: Наместо виновниците, санкции трпат угостителите и трговците во Гостивар

СДСМ: Орбановите автобуси победија на тендерот во Скопје