Јакимовски: Оној што нема срце, тој е хендикепиран

Од:

„Она што е најважно е дали го имаш срцето, дали сакаш со срце. Оној што нема срце, тој е хендикепиран. Тоа што човекот го прави човек, без разлика дали е тој создаден таков или пак ќе ги промени своите навики, е способноста да сака додека е жив. Јас одбрав да сакам, и тоа е моето најголемо задовоство, да им помагам на луѓето додека сум жив “изјави градоначалникот  на општина Карпош Стефче Јакимовски  на манифестацијата  “Различни а еднакви”во организација на невладината „Детла Ексклузив“, под спонзорство на Општина Карпош.

Оваа манифестација се одржа на Меѓународниот ден на човекови права, а на неа присуствуваа политички претставници, спортисти, уметници, хумани луѓе и се разбира лицата со посебни потреби, за кого оваа манифестација беше наменета.Благодарници беа доделени за оние кои хуманоста ја покажаа на дело.

Општина Карпош, не само што ќе продолжи да ја поддржува оваа манифестација, туку ќе поддржува и слични манифестации од овој вид, рече Јакимовски.

Манифестацијата ја збогатија и лицата со посебни потреби, кои преку музички, драмски и поетски перформанси се почувствуваа слободни да покажат дека тие воопшто не се разликуваат од останатите сограѓани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе воведам апликација „Мој Карпош“ која ќе биде дигитален сервис за граѓаните за пријавување на проблемите и издавање на потребните документи

Јакимовски најави нови четири занимални во детската градинка „Пролет“ во Влае

Јакимовски: Кој профитира од тендерите за лекови за Онкологија и кој го пушти „кафанџијата“ да биде кандидат за Карпош