САД лансира беспилотното вселенско летало во рамки на тајна мисија

Од:

САД денеска ќе го лансираат беспилотното вселенско летало X-37B во рамки на тајна мисија. Но, не би требало човек да е многу мудар па да не мисли дека ова летало ќе ги шпиунира Иран и Северна Кореја, но и кинеските сателити.

Авионот со ознаката X-37B треба да биде лансиран во периодот меѓу 15.45 и 22.15 часот по македонско време од Кејп Канаверал на Флорида, соопштија од американската воена база Патрик.

Леталото со тежина од 5 тони и должина од 8,9 метри ја има околу четвртина од големината на американскиот ракетоплан Атлантис., кој последен пат полета во јули 2011 година, а би требало да остане во орбитата 270 дена.

Проектот овозможува продолжување на тестирањето на вселенските технологии во орбитата, и безбедно враќање на Земјата со резултати од истражувањата.

Ова летало веќе имаше еден успешен пробен лет со 469 денови минати во орбитата пред во јуни годинава да слета во Калифорнија. Инаку, првото слично летало мина во орбитата седум месеци во 2010 година.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ