Помалку пишувајте за убиства, тешко ми е да донесам туристи, порача филипинска министерка

Од:

Работата на министерката за туризам во земјата која јавно се фали за убиства на криминалците без судење не е лесна. Ванда Теро е на таа функција и не и помагаат ниту преубавите планински предели на Филипините, тропските острови и фасцинантната култура и историјата на земјата.

Во разговор со новинарите во текот на турнеите по соседните земји заедно со контраверзниот филипински претседател Родриго Дутертем, Ванда Тео рече дека единствени прашања кои ги добива од странските медиуми се оние за „војната против дрогата“ и убиствата.

– Вие мора да ни помогнете. Многу ми е тешко да „продавам“ во Филипините, особено кога убиствата се главна тема. Медиуми, ве молам, малку намалете го пишувањето за тие убиства, рече таа.

Како што рече туроператорите во Европа и Азија секогаш ја прашуваат за теми кои немаат никаква поврзаност со туризмот, па и е „многу тешко да привлече туристи“.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски