СДСМ: Власта во заминување лаже за БДП и долгот

Од:

„За брзо време ќе има ревизија на објавените податоци од страна на Министерството за финансии и од страна на Државниот завод за статистика за сите економски показатели што се обидува да ги крие власта во заминување, во обид да ги покрие катастрофалните резултати во економијата.

Министерството за финансии прикажува намалување на јавниот и државниот долг во релативни бројки, повикувајки се на нереални податоци што очигледно вештачки ги конструира контролираниот Државен завод за статистика.

Државниот завод за статистика ќе мора да објасни како е можно во услови на реален економски раст од 2.4% и во услови на дефлација да прикаже номинален раст од 8.8% на БДП.

Граѓаните на Р.Македонија, стручната јавност и меѓународните финансиски институции мора да знаат како е можно бруто инвестициите во 2016 да бележат пад од 4.3%, а номинално да растат за скоро 20% повторно во услови на дефлација.

Во последната објавена табела на Министерството за финансии, јавниот долг во апсолутен износ е непроменет и изнесува 4 милијарди 711 милиони евра.

Со оглед дека објаснување нема, јасно е дека станува збор за лаги на досегашната власт, по конкретните критики од еврокомесарот Хан дека последните неколку месеци и наштетија на економијата на земјата, поради што е потребно да се одблокираат процесите и Македонија што побрзо да ја добие новата реформска Влада.

На граѓаните им се потребни отчетни институции што ќе работат исклучиво во нивен интерес, а не за лични и партиски цели како што тоа досега го прават кадрите на неодговорното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа е потребно Собранието на Р.Македонија и Ѓорѓе Иванов итно да го овозможат формирањето на новата реформска Влада на граѓаните на Р.Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

А1он

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Денешниот конгрес е нов почеток, нова борба, нова надеж дека можеме да ја вратиме партијата на победнички патеки

А1он

СДСМ денеска на конгрес ќе ги избира највисоките тела на партијата

А1он

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство