Државниот завод за статистика воспостави апликација за мобилни уреди – Макстат на која корисниците ќе можат да ги следат статистичките податоци преку нивните мобилни телефони.
Макстат апликацијата содржи информации за најважните социоекономски индикатори во Македонија и статистички податоци продуцирани преку статистичките истражувања на Државниот завод за статистика и Народната банка на Република Македонија.
Апликацијата е достапна на македонски и на англиски јазик.