Maпите на iOS уредите не се добри, а дури и самата компанија препорача користење на алтернативни решенија.
Овој пат, полицијата од австралиската држава Викторија излезе официјално со предупредување до сите корисници да не ги користат мапите од Apple.
На овој необичен потег австралиската полиција се одлучила од една едноставна причина, а е тоа е потрагата по дури 6 изгубени моторџии, а кои служејќи се со Аpple мапите залутале некаде. Ситуацијата била прилично опасна кога некој од моторџиите бил изгубен 24 часа и тоа без храна и вода.
Мапите го лоцираат гратчето Милдура во националниот парк Муреј Сансет, што е околу седумдесеттина километри од вистинската локација на градот.