Русија одбива да учествува на Евросонгот преку сателитски пренос

Од:

Рускиот „Канал 1“ ја одби понудата од организаторите на Изборот за песна на Евровизија – руската пејачка Јулија Самојлова да учествува на натпреварот „оддалеку”, односно преку сателит, откако Украина и забрани на годинешната руска претставничка влез во земјата.

– Понудата за учество од далечина ја сметаме за чудна и ја отфрламе, оти апсолутно се коси со самата суштина на тој настан, гласи ставот на руската државна телевизија.

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) вчера и понуди на Самојлова можност да учествува на Евросонгот во Киев, но нејзиниот настап да се пренесува преку сателит.

– ЕБУ вложи напори да пронајде решение за настанатата ситуација и одлучи да испрати понуди до Првиот канал на Русија – Јулија да учествува во годинешниот Евросонг по пат на директно вклучување во второто полуфинале преку сателит. Доколку би се квалификувала во финалето, и за тој дел од натпреварувањето би важел истиот принцип, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија