ОН: Околу 400 илјади лица фатени „во замка“ во Стариот град на Мосул

Од:

Околу 400 илјади лица се наоѓаат во замка на џихадистите од групацијата Исламска држава во Стариот град на Мосул, изјави претставник на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) во Ирак, Бруно Џедо.

Околу 600 илјади лица се наоѓаат во региони во западниот дел на градот Мосул, кои се уште не се заземени од ирачките сили (околу 60 отсто од западен Мосул), а 400 илјади од нив се во Стариот град, истакна Џедо.

– Тие луѓе имаат потреба од храна. Тие се во паника. Немаат гориво, храна, електрична енергија. Луѓето се принудени да горат мебел, стари облеки, се, за да можат да се стоплат во текот на ноќта, со оглед на тоа дека силните врнежни продолжуваат и температурите навечер се намалуваат значително, додаде тој.

Од 19 февруари ирачките сили напредуваат од јужен Мосул и зазаедоа неколку квартови за да се доближат до Стариот град, кој се наоѓа на западниот брег на реката Тигар.

Според податоци на УНХЦР од 19 февруари досега од Западен Мосул избегале околу 153 илјади лица. Меѓу осум илјади и 12 илјади лица пристигнуваат секојдневно во транзитниот центар Хамам ал Алил. јужно од Мосул.

Од почетокот на офанзивата на ирачките сили, поддржани од меѓународната џихадистичка коалиција на 17 октомври минатата година од Мосул избегале 340 илјади лица. Околу 70 илјади од нив се вратиле во своите домови.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски