Три деца од Франција кои што биле на екскурзија во главниот град на Велика Британија, се меѓу настраданите во вчерашните настани во центарот на Лондон.
„Би-Би-Си“ јави денеска дека меѓу настраданите има 12 Британци, три деца од Франција, кои биле на училишна екскурзија, четворица Јужнокорејци, двајца Романци, двајца Грци и по еден државјанин на Кина, Италија, САД, Полска, Ирска и Германија.
Грчкото Министерство за надворешни работи посочи дека двајцата Грци немале потреба од хоспитализација.
Во атентатот, за кој одговорноста за презеде Исламската држава, загинаа пет лица, а речиси 40 се повредени.