Шидло: Нападот во Лондон е доказ дека не треба да се прифатат мигрантите

Од:

Полската премиерка Беата Шидло го поврза денеска нападот во Лондон со политиката на Европската унија за миграцијата, наведувајќи дека терористичкиот инцидент го оправдува ставот на Варшата кон мигрантите.

– Често слушам во Европа дека не треба да ја поврзувам миграциската политика со тероризмот, но не е возможно да не се поврзе, нагласи Шидло за полската телевизија „ТВН24“.

Шидло наведе, алудирајќи на предупредувањето на комесарот за миграција на ЕУ Димитрис Аврамопулос да не одбиваат земјите од Унијата да ги прифаќаат мигрантите, дека тој треба да се концентрира на тоа како да ги избегне нападите, како вчерашните во Лондон.

– Полска нема да подлегне на уцените. Комесарот доаѓа во Варшава и пробува да ни каже дека мораме да направиме онака како што одлучила ЕУ, дека мораме да ги прифатиме мигрантите. А два дена подоцна се случува терористички напад во Лондон, истакна Шидло.

Полската Влада не прифати ниту еден од 6.200 миграти кои и се доделени на земјата во рамките на квотите на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата