Исламска држава презеде одговорност за вчерашниот напад во Лондон наведувајќи дека напаѓачот бил еден од нивните „војници“.
Агенцијата Амак, што се смета за медиум на ИД, објави дека нападот е извршен како одговор на повиците на радикалната група за удари врз жители на држави кои учествуваат во борби против нив.
САД предводат сојуз на сили кои извршуваат напади врз позиции на ИД во Сирија и во Ирак.