„Ситроен“ го претстави моделот „Е-Берлинго Мултиспејс“, кој го покренува само електромотор и од полнење до полнење на батеријата може да помине 170 километри.
По неодамнешното претставување на доставното електрично „Берлинго“, „Ситроен“ ја претстави и неговата патничка варијанта „Мултиспејс“, со која француската компанија сака да ги анимира купувачите на кои им треба практичен автомобил со голем багажен простор, а истовремено им се допаѓа можноста за возење без емисија на издувни гасови.
„Е-Берлинго Мултиспејс“ во продажба треба да се појави во третиот квартал од оваа година, а го покренува електромотор кој нуди 66 коњски сили и 200 њутн метри најголем вртлив момент.
Со батериитем кои се сместени во посебно место на задната осовина и со капацитет, кој изнесува 22,5 киловат часови, автономијата на автомобилот изнесува 170 километри. Дури 50 отсто од капацитетот на батеријата се расположливи по 15 минути полнење.
Иако производителите на електричните автомобили исклучително се трудат да ја зголемат автономијата со едно полнење на батериите, а повеќе од 300 километри да стане долна граница, „Ситроен“ смета дека автономијата на „Е-Берлинго“ е сосема доволна, бидејќи европските возачи во просек дневно минуваат помалку од 100 километри.