Претставници на сириската Влада и на бунтовниците би требало денеска да продолжат со мировните преговори во Женева, но порастот на насилствата и застојот во дијалогот за клучните проблеми ја гасат надеж за напредок, јавуваат западни медиуми.
Пратеникот на Обединетите нации за Сирија Стефан де Мистура рече на крајот на минатата рунда преговори дека владините и бунтовнички преговарачи се договориле околу јасна агенда и додаде дека „се е подготвено“ за продолжување на разговорите.
Во новата рунда преговори се прашања за политичката транзиција, уставот и избори како и борба против тероризмот.