Кошаркарите на Реал Мадрид се вратија на првото место на табелата во кошаркарската Евролига откако синоќа ја победија Барселона со 85:69 на последниот натпревар од 27.коло.
Најдобар и најефиаксен на дуелот беше Серхио Љуљ од Реал Мадрид со 21 поен.
На другите натпревари одиграни синоќа:
ЦСКА Москва – Дарушафака 95:85,
Црвена звезда – Олимпијакос 64:66 (по продолжение) и
Галатасарај – Уникс 75:67.
Во вторникот:
Фенербахче – Макаби 79:81,
Жалгирис – Анадолу Ефес 68:76,
Бамберг – Басконија 71:96 и
Панатинаикос – Армани Милано 74:61.
Табела: Реал Мадрид 20-7 (победи – порази),ЦСКА Москва 20-7 , Олимпијакос 19-8, Фенербахче 17-10, Басконија 16-11, Панатинаикос 16-11, Црвена звезда 15-12, Анадолу Ефес 15-12, Дарушафака 13-14, Жалгирис 12-15, Барселона 10-17, Галатасарај 10-17, Макаби 10-17, Бамберг 9-18, Уникс 7-20, Армани Милано 7-20.
Пласман досега во ТОП 8 фазата имаат обезбедено: ЦСКА Москва, Реал Мадрид, Олимпијакос, Фенербахче, Басконија и Панатинаикос.
Вечерва се играат првите четири натпревари од 28.коло, а двојките се: Анадолу Ефес – Фенербахче,
Макаби – Жалгирис,
Армани Милано – Бамберг и
Басконија – Панатинаикос.
Утре се играат дуелите:
Уникс Казан – ЦСКА Москва,
Дарушафака – Галатасарај,
Олимпијакос – Реал Мадрид и
Барселона – Црвена звезда.