ЦСКА Москва ја постигна 20. победа во Евролигата

Од:

Екипата на ЦСКА Москва со триумфот вечерва над Дарушафака е првата екипа која сезонава во кошаркарската Евролига ја постигна 20-та победа. Првакот на Русија ЦСКА ја совлада Дарушафака со 95:85, а водството го имаше во текот на целиот натпревар. Најефикасен на дуелот беше Скоти Вилбекин од Дарушафака со 26 поени, додека кај ЦСКА Москва најмногу постигна Милош Теодосиќ – 20 поени.

Во тек се дуелите: Црвена Звезда – Олимпијакос и Галатасарај – Уникс, додека од 21 часот почнува натпреварот Реал Мадрид – Барселона.
На вчера одиграните дуели од 27.коло: Фенербахче – Макаби 79:81, Жалгирис – Анадолу Ефес 68:76, Бамберг – Басконија 71:96 и Панатинаикос – Армани Милано 74:61.

Табела: ЦСКА Москва 20-7 (победи-порази), Реал Мадрид 19-7, Олимпијакос 18-8, Фенербахче 17-10, Басконија 16-11, Панатинаикос 16-11, Црвена Звезда 15-11, Анадолу Ефес 15-12, Дарушафака 13-14, Жалгирис 12-15, Барселона 10-16, Макаби 10-17, Галатасарај 9-17, Бамберг 9-18, Уникс 7-19, Армани Милано 7-20.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска