АРСЕНА го одбележа Меѓународниот ден на водите во Гевгелија

Од:

Под мотото „Здрава вода за здрав живот“ поделени пакувања чиста вода на штанд поставен на градското шеталиште во центарот на Гевгелија.

Со пригодна донаторска акција на чиста пакувана вода за пиење која ја изведоа активистки на Граѓанската иницијатива „АРСЕНА“ денеска беше одбележан 22 март – Меѓународен ден на водите.

Поводот на ваков начин меѓу своите сограѓани да го актуелизираат меѓународното значење на водите е секако долгогодишниот проблем на гевгеличани со потребата од чиста вода за пиење, поради присуството на енормно високи концентрации на отровниот металоид арсен во водите од градскиот водовод.

Граѓаните присутни на шеталиштето „Маршал Тито“ во центарот на Гевгелија додека траеше акцијата со интерес му пристапуваа на штандот „Здрава вода за здрав живот“. Примајќи го бесплатното пакување со вода и информативен леток за присуството на арсенот во гевгелиската вода, граѓаните се согласуваа дека на секој човек му е потребна чиста вода за задоволување на есенцијалните животните потреби.

– „Ова што се случува со водата во Гевгелија е трагично и неодговорно. Сите сакаме чиста вода и сите заслужуваме да ја имаме дома како корисници на јавниот водоводен систем. Но, работите се надвор од секаква контрола на локалните власти, и локалното јавно комунално претпријатие, и локалниот општински Совет пред кого одговара ЈПКД „Комуналец“ за законитоста на својата работа. Но, изгледа сиве овие години, поважан им беше мирниот мандат и бенефициите од мандатот, наместо задоволување на потребите на граѓаните за чиста вода“, изјавуваат од АРСЕНА.

За неодговорноста зборуваат податоците од Институтот за јавно здравје на РМ и констатираниот арсен во гевгелискиот водоводен систем со што е оценето дека здравствената безбедност на граѓаните е загрозена. Ова се податоци кои се адресирани по службена должност директно до Министерството за здравство и Владата на РМ. Ова не’ наведува во насока одговорноста за труењето со арсен на гевгеличани да го прошириме како на локаните надлежни функционери и тела, така и на директно инволвираните по службена одговорност тела и функционери на државно ниво.

АРСЕНА е во подготовка на свој правен тим кој ќе се позанимава со правните консеквенци на одговорните за долгогодишното труење на гевгеличани со арсенот во гевгелиската вода.

Акцијата „Здрава вода за здрав живот“ се изведува во рамките на проектот „Граѓаните и АРСЕНА до чиста вода за пиење на Гевгелија и населените места“ што ја спроведува ЗГ „Патокази“ со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка „Цивика мобилитас“, кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка и Шведскиот институт за јавна администрација.

Би можело да ве интересира

Возач на Итна помош истепал лекар во Гевгелија

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски