Репрезентацијата на Хрватска со убедливи 3:1 славеше против Република Ирска во вториот натпревар од Групата Ц на Европското првенство и со тоа изби на чело на групата.
Хрватска поведе со погодокот на Манџукиќ во 3-та минута од мечот. Ирска преку Сент Леџер во 19-та минута израмни на 1:1. На 2:1 зголеми Јелавиќ во 43-та минута, додека на стартот на второто полувреме во 49-та минута Манџукиќ повторно погоди за конечни 3:1.
Утре се играат дуелите од групата Д. Во 18:00 часот е дербито меѓу Франција и Англија, од 20:45 играат Украина – Шведска.