УНИЦЕФ ја осудува продажбата на млеко од мајки од Камбоџа

Од:

УНИЦЕФ денеска ја осуди компанијата, која им продава млеко на Американците, од „ранливи и сиромашни мајки“ од Камбоџа.

Проблемот стана актуелен оваа недела, откако Камбоџа соопшти дека го спречила извозот на компанијата „Амброзија Лабс“ со седиште во Јута, која тврди дека е прва компанија од таков вид, која „конзервира човечко млеко“’ и го извезува во САД.

– Банките за млеко од мајки не би требало да работат на експлоатација на ранливите и сиромашните мајки заради профит и комерцијални цели. Млекото од мајките може да се смета за човечко ткиво, исто како и крвта и трговијата со него треба да се забрани, рече портпаролката на Канцеларијата на УНИЦЕФ во Камбоџа.

Потрошувачите се мајки од САД, кои сакаат да ги дохрануваат бебињата или немаат доволно млеко, а цената на едно шише изнесува 20 долари.

Би можело да ве интересира

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

УНИЦЕФ: Најмалку 17.000 деца во Газа се одвоени од своите семејства

УНИЦЕФ: Убиството на децата во Газа мора да се запре, тие не се цел