Хан: Русија на Балканот е воен, но не и економски фактор

Од:

Русија на Балканот е само воен, но не и економски фактор, смета европскиот комесар за прошируавње Јоханес Хан.

– Русите само малку не нервираат и само тоа го прават, изјави Хан за виенскиот весник „Стандард“.

Тој додаде дека ЕУ би требало да има повеќе самодоверба и да се заинтересира со нивното влијание, но не и да „стои како зајак пред змија“.

На прашањето колку е важно Западен Балкан да биде помалку зависен од руските енергенси, Хан одговори дека зависноста од руска енергија е зачудувачки ниска.

Тој вели дека загриженоста на ЕУ на Балканот не е присутна поради влијание на Русија, туку поради етнички тензии и нестабилност.

– Јасно е дека нестабилноста може да биде поттикната и од трети страни од различни краишта и канали. Тоа само поттикнува „домашна нестабилност“. ЕУ има интерес во нејзиното соседство да владее стабилност. Поради тоа, ние како ЕУ, независно од политиката на САД, треба да предводиме во грижата за Западен Балкан, нагласи Хан.

Тој потсети дека Советот на ЕУ на последната седница ја повторил европска перспектива на државите од регионот и додаде дека чувствува обврска лично да се ангажира за помош на државите од Западен Балкан да достигнување на таа цел.

Хан ги негираше шпекулациите дека ќе има „лајт членство“ во ЕУ, додавајќи дека не постои ниту една иницијатива во тој правец.

– Јас сум противник на Европа со две или повеќе брзини. Разбирам кога поединци велат дека би требало побргу да се напредува, но предупредувам на опасност тоа да се институционализира или зацврсти бидејќи тешко ќе биде повторно да се промени, укажа Хан.

Европскиот комесар нагласи дека Црна Гора отворила 20 поглавја, а Србија осум додека останатите држави од регионот се многу далеку од тоа.

Заедничкиот пазар според него, е битен елемент за да му се покаже на населението за конкретни предности од пристапниот процес, а истовремено тоа им помага на државите во подготовките за членство во ЕУ. Хан очекува на самитот во јули, фокусиран за Балканот, да се потпише договор за намери за формирање заеднички пазар.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот