Демант: „Метаморфозис“ не организира протести!

Од:

„Фондацијата „Метаморфозис“ преку своите обуки ги гради капацитетите на невладините организации за користење на новите технологии за да бидат поефикасни во остварувањето на нивните мисии и во нивните напори за зајакнување на демократијата, владеењето на правото, човековите права, борбата против корупција и заштитата на животната средина.

Тврдењата објавени на 21 март 2017 г. од страна на медиумите „Дневник“, ТВ „Нова“ и „Вечер“, припишани на Михајло Маневски, за каква било поврзаност на Фондацијата „Метаморфозис“ со насилство, претставуваат груба манипулација и искривување на вистината.

„Метаморфозис“ не организира обуки за протести, туку работи во согласност со својата мисија, придонесувајќи за развој на демократијата и за подобрување на квалитетот на живеење преку иновативна примена и ширење на знаењето. Фондацијата секогаш работи во согласност со законите на Република Македонија.

Повикувајќи се на член 16 од Уставот на РМ, со кој се гарантира правото на одговор и на исправка во средствата за јавно информирање, како и на позитивните законски прописи, вклучително и Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, „Метаморфозис“ бара од посочените и од другите медиуми да го објават овој демант во целост, на исто место и со исто времетраење како и горенаведените лаги и манипулации“, се вели во демантот на Фондацијата „Метаморфозис“.

Би можело да ве интересира

„Метаморфозис“ реагира на ставовите на ЗНМ и ССНМ: Отпуштената новинарка Мемети не ги известувала шефовите за гостувања во емисии и пишувала за други медиуми

Жарко Настоски

Промовиран Порталот за отворено владино партнерство

Се одржа „Ден на Мајкрософт“ во Скопје: „Технологијата во облак (cloud) го помага општеството“

Ана Ололовска

Софтверски донации за поддршка на граѓанскиот сектор

Ана Ололовска

Градење одговорност преку граѓански ангажман

Наум Локоски

Завршна конференција на проектот „Отчетност преку граѓански ангажман“

Ана Ололовска