Лутфиу на министерска конференција во Никозија, Кипар

Од:

Делегација предводена од министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу, денеска и утре ќе учествува на министерска конференција за „Обезбедување демократија преку образованието” во Никозија-Република Кипар.

Конференцијата, како што соопшти МОН, е организирана во рамките на кипарското претседателство со Комитетот на Министри на Советот на Европа.

Идејата на оваа конференција е да се издигне улогата на образованието во борбата против насилниот екстремизам и радикален тероризам и да се обезбеди систем на образованието како алатка за инклузивно општество, вреднување на разликите и дијалог.


На конфренцијата свое обраќање ќе има и министерот Пиштар Лутфиу.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови