Најавено сериско производство на „Пининфарина Х600“

Од:

Прототипот „Пининфарина Х600“ кој беше претставен на овогодишниот Саем за автомобили во Женева, наскоро ќе добие и своја сериска верзија.

Производниот модел на „Пининфарина Х600“, кој ќе почне да се нуди во САД и во Кина кон крајот на деценијата, ќе биде речиси идентичен на промовираниот концеп и ќе биде долг 5,2 метри.

Планот е производството да почне во фабрика во Кина по тестирањата што ќе бидат извршени во фабриката на Пининфарина во Италија. Автомобилите ќе се изработуваат во кинеската компанија „Хибрид Кинетик“, која годишно ќе произведува над 200.000 модели.

Автомобилот ќе биде ривал на „Тесла Модел С“, а продажбата ќе почне во 2019 или 2020 година.

Производниот модел ќе биде многу сличен на концептот и во технолошка смисла. Концептот има четири електрични мотори со вкупна моќност од 804 коњски сили.

За забрзување од нула до 100 километри ќе му требаат 2,9 секунди, а максималната брзина ќе изнесува 250 километри на час.

Каросерија ќе биде направена од алуминиум и автомобилот ќе тежи 1.870 килограми. Зафатнината на багажникот е 500 литри, а во внатрешноста има четири седишта.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска