Кампања „Жените буџетираат!“ во Карпош и Центар

Од:

Граѓанската организација „Акција Здруженска“ денеска ќе ја реализира четвртата мартовска кампања „Жените буџетираат!“ со цел да го поттикне интересот на жените за тоа како и во чија корист се управува со локалните јавни финансии.

Кампањата ќе се одвива преку еден вид улична анкета на две локации, во ТЦ Лептокарија од 11 часот и Зелено пазарче, кај „Краш“ во 14 часот.

„Акција Здруженска“ информира дека јавните финансии не смеат да бидат забранета зона за жените.

Кампањата освен во Карпош и Центар се спроведува и во Кавадарци, Радовиш и Струмица во соработка со локалните женски организации кои се вклучени во менторската програма за следење и застапување на родовата еднаквост во буџетските процеси. Кампањата е дел од активностите на проектот на Акција Здруженска „Застапување родово инклузивни буџети“, поддржан од Цивика мобилитас.

Би можело да ве интересира

Данска воведе задолжителна воена служба за жени

Претепани две жени – тројца мажи им влегле со дрва и шипки во дворот, се заканувале со убиство и при апсењето

(ВИДЕО) Го убив мажот, ме тепаше – A1он со жените зад решетки

Жена и девојка се истепале во здравствен дом во Ѓорче Петров

Истражување: Ковид-19 кризата двојно го зголеми бројот на жени зависни од државна помош

Онлајн предавање „Чекори во процесот на јавното застапување“

Ана Ололовска