Екипите на Панатинаикос и на Басконија остварија очекувани победи против Армани Милано, односно Бамберг во дуелите од 27. коло на кошаркарската Евролига.
На натпреварот одигран во Атина, Панатинаикос славеше победа против Армани Милано со 74:61, додека шпанската екипа Басконија на гостински терен го победи германскиот првак Бамберг со 96:71.
Од фаворитите, победа оствари и Анадолу Ефес кој во Каунас го совлада Жалгирис со 76:68, додека изненадување претставува победата на Макаби во Истанбул против Фенербахче со 81:79.
За денеска закажани се преостанатите четири натпревари од оваа рунда:
ЦСКА Москва – Дарушафака,
Црвена звезда – Олимпијакос,
Галатасарај – Уникс Казан и
Реал Мадрид – Барселона.
Табела: Реал Мадрид 19-7 (победи-порази), ЦСКА Москва 19-7, Олимпијакос 18-8, Фенербахче 17-10, Басконија 16-11, Панатинаикос 16-11, Црвена Звезда 15-11, Анадолу Ефес 15-12, Дарушафака 13-13, Жалгирис 12-15, Барселона 10-16, Макаби 10-17, Галатасарај 9-17, Бамберг 9-18, Уникс Казан 7-19, Армани Милано 7-20.