Во Штип трибина „Мојата студентска приказна“

Од:

Поранешни студенти и апсолвентни на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ кои биле првенци на генерациите, денеска на трибината „Мојата студентска приказна на Правниот факултет –Штип на колегите ги раскажаа своите успешни студентски приказни.

Сања Стефанова на јавноста од источниот регион, позната по успешното водење на Советот на млади Штип, но таа како вработена на Универзитетот веќе неколку години ја води Еразмус плус Програмата. Сања била студент на првата генерација на студенти на Факултетот за информатика, а токму Штипскиот универзитет и дал шанса да покаже што знае успешно да работи. Смета дека како млад човек треба да си амбициозен.

– Го работам тоа што го сакам. Работата само по себе ми е предизвик. Имам контакти од целиот свет, во изминатиот период успеав да го поврзам Универзитетот со над 60 институции во Европа и светот. Тоа претставува успех за нашата институција, повеќе отвореност и контакти, вели Стефанова.

Деспина Ристова е иден електро инжиењер, струка која е дефицитарна на пазарот на трудот. Апсолвент е на Електротехничкиот факултет, забележува дека во изминатите години покрај тоа што професорите добро и го пренеле знаењето има и добра пракса за оваа струка.

Сања и Деспина велат дека има иднина во оваа држава, своето знаење можат да го презентираат и во својот роден град.

Успешните студентски приказни се дел од програмата за одбележување 10 години од постоењето на Универзитетот. Во четврток е централната манифестација, кога ќе се одржи Свечена академија, промоција на доктори на науки, филм, а гостите ќе уживаат и со познатите музички имиња Влатко Стефановски, Тони Китинаовски и актерот Никола Ристановски.

Би можело да ве интересира

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

МВР: Маж со прострелна рана е пронајден во селото Пиперово