Џон Едвардс е човекот кој одлучи да мине три дена и три ноќи во мртовечки ковчег закопан во земјата, пренесувајќи го целото дожувување на социјалните мрежи.
Ковчегот во кој лежеше беше направен посебно за него. Димензиите биле 2,4 на 1,3 метри со вграден преносен тоалет, а низ две цевки кои воделе до површината на земјата добивал воздух, храна и вода. Исто така, тој имал и светлка за да може да снима за социјалните мрежи.
Џон е поранешен зависник од наркотици и алкохоличар, кој веќе 27 години води живот без пороци, откако доживеал „средба со Господ“.
Освен проблемите со зависноста, исто така, имал и самоубиствени намери. Тој се труди да им помогне на други зависници со молитви, кои секојдневно му испраќаат писма и пораки. Тој тврди дека поради тоа се одлучил на ваков експеримент.
Иако претходно изјави дека нема проблеми со клаустрофобијата, Џон сепак прозна дека „не му било се едно“ додека се наоѓал под земја.
– Кога легнав внатре и капакот се затвори и ја слушнав земјата како паѓа на ковчегот, ми делуваше малку застрашувачко, изјави Џон за Би-Би-Си.
Тој минал многу во животот, како сексуално злоставување, ментални проблеми, живот на улица и трансплантација на црниот дроб, ап сега негова цел е да им помогне на што поголем број луѓе да се спасат од зависностите.