Во Тетово зелен билборд – прочистувач на воздух

Од:

Германската амбасадорка Кристина Алтхаузер и претставници од НВО „Екосвест“ денеска ќе го промовираат проектот за клима и заштита на климатските промени „City Tree“. Се работи за зелени билборди – прочистувачи на воздухот кои ќе бидат поставени пред Центарот за култура во Тетово и во центарот на Скопје.

„City Tree“ претставува вертикална структура од специфични видови мов со васкуларни растенија кои „јадат“ ситна прашина, азотни оксиди и озон и имаат способност да неутрализираат 240 тони јаглерод диоксид годишно.

Предвидено е на промоцијата да присуствуваат градоначалниците на Тетово и на Град Скопје Теута Арифи и Коце Трајановски и Ана Чоловиќ Лешоска од НВО „Екосвест“.

Проектот е овозможен со помош на средства од фондот за климатски промени при Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија. Набавката на двата билборда ја овозможија компаниите Пакомак, Енерџи деливери солушнс, Еколог, Везешари, ПроКредит Банка, ДХЛ, Кнауф и Де Мед.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски