Во Струмица ќе се одбележи Светскиот ден на лица со Даунов синдром

Од:

„Мрдни со прст’’ заедно со Здружението „Вера“ од Струмица и кампањата „Будење’’ денеска на пладне на градскиот плоштад во Струмица ќе го одбележат Светскиот ден на лица со Даунов синдром со заедничко дружење и дневна забава со Тони Зен, штулар и пантомимичар.

– 21 март е ден кој не потсетува дека околку нас има лица кои не смееме да ги заборавиме и запоставуваме од општествените процеси, од времето и просторот кои им се потребни, интеграцијата и инклузијата. Време е да се разбудиме, да ги размрдаме прстите, но и да го разбудиме и размрдаме ова заспано општество и на нашите другари и другарки со Даунов синдром и ретки состојби да им дадеме доволно простор за да се изразат, да ги поддржиме во нивните мали подвизи и да им покажеме дека не постојат граници, дека можат да бидат сѐ што ќе посакаат, изјави Ирена Мила од „Будење’’.

Кампањата „Мрдни со прст“ има за цел подигнување на јавната свест за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец, како и да се понудат идеи и можности за придонес кон специфични активности во рамките на заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат поединечно, но и колективно.

Би можело да ве интересира

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски

Струмичанец прво се обиде да ја отруе сопругата, а потоа со нож и нанесе повреди на вратот

Горан Наумовски

Јанков: Масовно излезете на 19 октомври и заокружете го бројот 9 за историска победа во Струмица

Пијанманова: Време е за нови, борбени луѓе во советот

Манасиевски: Паниката на СДС во Струмица расте, тепачи и насилници на нивните листи се последниот обид за спас

Манасиевски: СДС во Струмица губи, силеџии на листи кои тепаат луѓе по улица стана брендингот на СДС за овие избори