Во две одделни акции запленети над 1,8 тони албанска марихуана

Од:

Во две одделени акции на грчката и албанската полиција запленети се над 1,8 тони марихуана.

Полицијата од грчкиот град Јанина, во близина на селото Коница денеска запленила 530 килограми марихуана прошверцувана од Албанија.

Дрогата, пакувана во 180 пакетчиња била во возило со грчки регистарски таблички, кое било земено под наем од двајца албански државјани на возраст од 26 и 53 години, кои биле уапсени во акцијата.

Грчките власти соопштија дека дрогата требало да биде траспотирана до Атина.

Претходно, како што јави тиранската телевизија Топ чанел, полицијата од приморскиот град Валона запленила 1.283 килограми марихуана во заливот Бристани, кај Карабурун.

Пакуваната дрога во 47 торби, била оставена на брегот, а која требало со моторен чамец да биде транспортирана во правец на италијанскиот брег. Полицијата трага по лицата кои требало да ја шверцуваат дрогата.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција