Тимоние: Брзо формирање влада, земјата не може премногу да чека

Од:

Македонија треба да остане на патот кон ЕУ и НАТО и за тоа е потребна одговорна влада што ќе биде способна да донесува одлуки и реформи и политичари со чувство за општ интерес на земјата, изјави денеска францускиот амбасадор во Македонија Кристијан Тимоние.

– Се очекува да се формира влада и важно е таа одлука да се донесе доста брзо, бидејќи земјата не може премногу да чека. Има економски и политички предизвици и секој очекува една силна Македонија. Еврокомесарот Хан утре доаѓа во Скопје и се надеваме дека ќе најде добро и практично решение кон сегашното успорување на формирањето влада, рече Тимоние.

Посочи дека секој очекува силна Македонија која ќе биде почитувана во својот територијален интегритет, суверенитет и своето единство, и во тој аспект Франција како и другите европски земји секогаш ќе биде на нејзина страна.

– Сметам дека денешните политичари ќе бидат на ниво на сите претходници низ историјата кои покажале како може да се работи заедно и со жртвување за општото добро помогнале за создавање на оваа земја, рече Тимоние.

Прашан дали тиранската платформа треба да се повлече, со оглед на тоа дека голем дел од Македонците се спротивставува на неа, Тимоние рече дека не е негово да се произнесува по тоа прашање.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски