„Самсунг“ би можел годинава да промовира паметен телефон на преклопување

Од:

„Самсунг“ во текот на оваа година би можел да го промовира долгоочекуваниот преклопен паметен телефон со свитлив екран, објави јужнокорејскиот инфо портал „И-Ти Њуз“.

Се шпекулира дека „Самсунг“ со години развива паметен телефон со екран кој може да се свитка. Прототипот на уредот наводно ќе биде лансиран и даден на партнерите за да можат тие да го тестираат и да ги проценат барањата на корисниците.

Но, не треба наскоро да се очекува комерцијално лансирање на тој мобилен телефон. Прво ќе бидат направени само неколку илјади уреди, а масовно производство и вистинско лансирање се очекува во 2018 година.

Преклопниот паметен телефон навистина има смисла, бидејќи се намалува големината на уредот, кога не се користи.

Портпаролот на Самсунг не сакаше да ги коментира овие вести.

Како и многу други технолошки компании, така ни „Самсунг“ не ги коментира шпекулациите за своите ненајавени производи.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

Познавачите предвидуваат: Паметните телефони ќе исчезнат за 10 години

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска