Германската компанија BMW наскоро ќе почне да прима нарачки за автомобилот M4 Magny-Cours со кој секој купувач ќе добие и мотоцикл и рачен часовник.
На овој необичен начин компанијата одлучи да го одбележи своето повеќегодишно присуство на француската патека Circuit de Nevers Magny-Cours, па на купувачите во тоа име ќе понудат посебна едиција на моделот M4 Coupe, кое е наречено Magny-Cours.
Суштината на едицијата е моделот Coupe М4 Competition, чија каросерија е украсена со бои на M одделот, а дел од пакетот на е карбонски заден спојлер, карбонскиот преден насочувач на воздухот и посебни 20-инчни ултра лесни алуминиумски бандажи, за кои има адаптивни раткапни.
Трилитарскиот шестцилиндричен битурбо мотор располага со 450 коњски сили, а преносот на моќноста на задната осовина се врши преку рачен шестстепен или опциски седумстепен автоматски менувач со две квачила. Покрај соодветните гуми и оптималната аеродинамика, секако ќе помогне и посебниот М диференцијал.
За BMW M4 Magny-Cours треба да се издвојат 180.000 евра, а купувачот покрај автомобилот ќе добие и супер спортски мотоцикл BMW 1000 RP со 200 коњски сили во боите на M моделот и соодветно обоен рачен часовник на францускиот производител BRM.