ВМРО-ДПМНЕ: Постои страв од соочување со правдата кај Заев, затоа без приговор ја прифаќа платформата

Од:

„Секојдневно сме сведоци на нови и нови докази кои укажуваат на инволвираност во нелегални активности на криминогеното раководство на СДСМ.

Јавноста вчера беше сведок дека уште еден лик од подземјето, близок пријател на аболицираниот криминалец Зоран Заев, бил инволвиран во нелегална трговија со дрога.

Истиот тој честопати е во придружба на Зоран Заев и се фотографира со него, а според информациите кои беа објавени е брат на првиот човек на СДСМ во Арачиново.

Има ли поголем доказ за тоа на кој начин работи и се финансира криминогеното раководство на СДСМ.

Јавноста мора да ги слушне одговорите на следните прашања.

Знаел ли Зоран Заев за криминалните активности на братот на нивниот прв човек во Арачиново?

Колку дрога истиот има истурено по улиците низ државата и на колку деца низ Македонија им ја продавал?

Дали СДСМ додека Оливер Спасовски беше министер му нудела заштита за неговиот криминал?

Дали преку црните пари од препродажба на дрога се финансирало и криминогеното раководство на СДСМ?

Конечно, истиот овој дилер на фотографии можеше да се забележи и со главниот партнер на Заев, Зијадин Села.

Дали е тоа централниот лик кој ги поврзува и помага двете партии?

Ова не е прв случај најблиските соработници на Заев да бидат фатени за криминалот што го прават.

Близок пријател на Зоран Заев е Сеад Рахиќ – Сетко, брат на поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Есад Рахиќ. Сеад Рахиќ беше уапсен од страна на полицијата за организирање на криминална група за продажба на кокаин во Скопје.

Соработник на Зоран Заев е Захир Бекири Чауш кој беше раководител на т.н. „Фабрика за афери“ на СДСМ. Чауш е осуден на две и пол години затвор за злоупотреба на лични податоции фалсификување исправи.

Зоран Заев соработува и со Харун Хаџибулиќ кој е познат припадник на скопското криминално подземје по него беше распишана потерница за помагање во убиство.

Соработници на Зоран Заев се и Даниел и Дејан Трајковски кои во скопското криминално подземје се познати како близнаци од Ѓорче Петров, а заедно имаат 21 кривична пријава. Едниот во моментов е во бегство и се крие од органите на прогонот.

Сево ова укажува за начинот на кој што работи аболицираниот криминалец Зоран Заев и криминогеното раководство. Нивниот страв е огромен дека ќе дојде денот кога и тие ќе треба да се соочат со правдата. Затоа тие се уценети и затоа тие без приговор ја прифаќаат тиранската платформа“ изјави Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања