„Козјак“ ќе го одбележи Меѓународниот ден на планинари

Од:

Со едукација и предавања за членовите, спортско-планинарскиот клуб „Козјак“ денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на планинари.

Членовите на „Козјак“ учествуваа и на традиционалното искачување Матка кое се оддржа викендов, во организација на Федерацијата за планинарски спортови на Македонија (ФПСМ) и Градот Скопје по повод Светскиот ден на планината.

– Планинари од нашиот клуб пешачеа 18 километри, а останатите, претежно помлади членови, ја поминаа планинарската патека до четирите манастири, ја посетија и пештерата „Врело“, вели секретарот на Клубот Мартин Величковски.

Во СПК „Козјак“ членуваат 58 активни и 29 пасивни планинари. Клубот учествува на сите традиционаллни искачувања на планинските врвови во државата и надвор од неа. Досега планинарите ги освоиле највисоките врвови на Балканот, а во изминатите години, учествуваа и на искачувања во Европа. Планинарите соработуваат со сите македонски планинарски друштва, но и со планинари од Балканот. Во рамки на клубот функционира и школата за млади планинари. СПК „Козјак“ има еден планинарски дом во Длабочица.

Би можело да ве интересира

Полицијата ги пронајде планинарите кои се изгубија во тетовско

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Македонски планинари го искачија Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка

Евакуирани се планинарите кои останаа заглавени во Националниот парк Триглав

Трајно укината станицата над Богомила оти возот губел залет на угорнина: Жителите под Солунска глава и планинарите останаа без превоз

A1on

Стотина планинарки и планинари се искачија на Димев Врв на Пелистер

Ана Ололовска