СДСМ: Здравјето на граѓаните е врвен приоритет, итно да се овозможи формирањето на новата Влада

Од:

„Новата реформска Влада на граѓаните вистински ќе се грижи за здравјето на граѓаните. Здравјето на граѓаните е врвен приоритет. Тоа е предвидено во Програмата на новата Влада на Република Македонија.

Здравствениот систем нема да се базира на тендер политики како досега, туку исклучиво на потребите на граѓаните. Квалитетно и ефикасно здравство достапно за сите граѓани е неопходна потреба на граѓаните.

Никогаш повеќе да не се повторат случаите на смртност поради криминални интереси, што донесоа неисправни и несоодветни апарати и несовесни политики поради што пациенти се оперираат по ходници, бебиња и мајки умираат од недостиг на гинеколози, нема завои за рани по болниците, луѓето се лечат во руинирани здравствени установи, граѓани губат животи во расипани возила на Брзата помош.

Во рамките на здравствените политики, новата Влада на граѓаните ќе основа нова самостојна јавна здравствена установа на итна медицинска помош, којашто ќе ги обедини сите служби на итна медицинска помош и ќе ги поврзува сите болници во Република Македонија.

Медицинскиот кадар од јавното здравство ќе добие нормални услови за работа и повисоки плати, за да не заминува од државата туку да остане во јавното здравство и мотивирано да се посвети на грижата за здравјето на граѓаните.

Болничкото лекување ќе биде бесплатно и достапно за сите.

За сето ова да може да се рализира, итно е потребно да се овозможи формирањето на новата реформска Влада, којашто ќе биде посветена исклучиво на потребите и на здравјето на граѓаните на Република Македонија“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците