Еден од најстарите трговски центри во Америка, Провиденс Аркејд по неговото банкротирање и напуштање беше реновиран и претворен во место за живеење.
Еван Гранов го откупи трговскиот центар во 2005. година со надеж дека ќе може да го возобнови на неговата поранешна слава. Горните катови од овој трговски центар сега се претворени во 48 мини апартмани, додека долните се резервирани за продавници.
Цената на еден апартман чини околу 550 долари месечно, што претставува една од најевтините во Провиденс.