Во Основниот суд Скопје 1 посета од судии од Апелацискиот суд и средба на Рибарев со Јанева

Од:

Во Основен суд Скопје 1 денеска е остварена планираната посета од страна на судиите од Апелацискиот суд Скопје и е одржана седница на судии на која се разгледувани резултатите од досегашното работење на овој суд.

Како што информираат на својата веб страница, констатирано е дека и покрај зголемениот прилив на предмети во работа во последните три години, судиите при Основен суд Скопје 1 – Скопје со зголемен ангажман успеале да го намалат бројот на нерешени предмети за 10.566 предмети во однос на истиот период до 2014 година.

На седницата на судии при овој суд судиите дадле и свои предлози во врска со изготвувањето на Годишниот распоред за работа на судот.

Денеска, како што наведуваат во соопштението, исто така претседателот на судот, Стојанче Рибарев во просториите на овој суд остварил средба со обвинителката Катица Јанева од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, на која средба се разговарало за актуелните прашања во врска со соработката на двете институции.

Би можело да ве интересира

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници