Гутереш побара отстранување извештај од интернет со кој се обвинува Израел за апартхејд против Палестинците

Од:

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш побара регионална комисија на ОН, која ги претставува повеќето арапски земји, да го отстрани од својата интернет страница извештајот, со кој се обвинува Израел за „режим на апартхејд“ против Палестинците, изјави претставник на светската организација.

Извештајот на Економската и социјална комисија на ОН за Западна Азија, која вклучува 18 арапски држави, заклучува дека „Израел вовел режим на апартхејд, кој целосно доминира врз палестинскиот народ“.

Обвинувањето, кое често го добива Израел од своите критичари, досега не беше направено од орган на ОН.

Рима Халаф, шеф на Комисијата која го објави обвинувањето, денеска поднесе оставка, изјавувајќи дека била подложна на притисок од страна на генералниот секретар Гутереш да го повлече критичкиот извештај кон Израел. Генералниот секретар на ОН ја прифати нејзината оставка.

Портпаролот на ОН, Стефан Дјужарик истакна дека извештајот е објавен без претходни консултации со Секретаријатот на ОН.

Би можело да ве интересира

Судир меѓу полицијата и демонстрантите на конгресот на АфД, не се знае дали има повредени

Горан Наумовски

ОН го обвинија Израел за „систематски напади“ врз болниците

Вашингтон пост: Од почетокот на војната, САД му дадоа на Израел 6,5 милијарди долари помош

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на антисемитски инциденти во Германија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Германија: Полиција влезе во училишна зградата, учениците затворени во училниците

Горан Наумовски

Врховниот суд на Израел нареди регрутирање на ортодоксните Евреи во војска