СДСМ: Неодговорното однесување на Вељаноски и ВМРО-ДПМНЕ завршува, ќе има и конститутивна седница и нова Влада

Од:

„Одлуката на Трајко Велјаноски да не свика веднаш координација и продолжување на конститутивната седница е уште една потврда за тоа дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги интересира само личниот интерес и ништо друго.

Објаснувањето на Велјаноски дека граѓаните на Македонија треба да чекаат Илија Димовски да се врати од пат, за да се одржи продолжението на конститутивната седница е безобразно и несовесно поигрување со волјата на граѓаните кои со месеци го чекаат формирањето на новата Влада, како и понижување на Парламентот.

Ако Димовски е на пат, може да го претставува негов заменик, а и после 3 месеци неработење што и му е друга обврска на Илија Димовски од тоа да е во Собранието кога има должност да ги извршува важни парламентарни обврски.

Неодговорното однесување на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ е уште еден доказ дека тие воопшто не водат сметка за интересот на граѓаните и тоа ќе заврши многу брзо.

Демократските процеси се незапирливи, ќе има и конститутивна седница, мандат за составување Влада и нова реформска Влада на граѓаните на Македонија“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он

СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

А1он

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време