Нова апликација за препознавање на Фејсбук

Од:

Колку пати се случило да видите некого и да посакале да го „додадете” на популарната социјална мрежа Фејсбук?

Наскоро и тоа ќе биде можно со новата апликација Фејсзам, која служи за препознавање на лица и која треба да стане достапна кон крајот на овој месец.

Британскиот претприемач Џек Кењон тврди дека корисниците со помош на оваа апликација ќе можат за десет секунди да идентификуваат целосен странец, ако претходно го фотографираат.

– Корисниците ќе можат да идентификуваат некого во рок од неколку секунди, што значи дека приватноста повеќе нема да постои во јавното опкружување, изјави Кењон за британскиот весник „Телеграф“, додавајќи дека Фејсзам може да значи крај за анонимните друштва.

Кењон тврди дека не постои начин корисниците на Фејсбук да се заштитат од оваа апликација и наведува дека верува оти таа ќе делува на намалување на стапката на криминалот.

Сепак, Фејсбук потврди дека апликацијата ја крши нивната политика за приватноста и дека можеби ќе го доведе во прашање нејзиното излегување.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он