(ВИДЕО) Спасовски: Очекувам Вељаноски да не го стави Собранието во заложништво

Од:

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски по поднесената иницијатива за продолжување на конститутивната седница кажа дека никој не треба да има никакви изговори за обезбеденото парламентарно мнозинство.

– Доставивме 67 пратенички потписи и покрај тоа што Деловникот тоа не го бара. Очекуваме Трајко Вељаноски веднаш да свика продолжување на конститутивната седница на Собранието на РМ и конечно оваа клучна институција да почне да функционира зашто мора да работи, рече тој.

– Прв чекор е избор на претседател на Собранието, кое што ќе го тргне неразумниот аргумент на Иванов кој е должен да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Очекувам дека ќе се свика координативна средба на пратеничките групи каде ќе се отворат сите прашања за кои ќе имаме разговор и договор.

Во однос на дилемата дека претседателот на Собранието нема рок да ја свика седницата, Спасовски кажа дека во моментов нема претседател на Собранието, а конститувната седница нема рок, таа е започната и веднаш може да биде продолжена.

На висина на одговорноста мора да биде секој пратеник, најмногу поранешниот претседател на Собранието и не смее да става под заложништво институции на системот а посебно не државата. Очекуваме да биде закажана седницата, претходно ќе седнеме сите политички опции да разговараме за лицето кое треба да биде претседател на Собранието, рече Спасовски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет