Бетонска куќа, што се наоѓа во швајцарскиот град Савиесе, дизајнирана е со цел на најдобар начин да се вклопи во стрмната падина.
Поради близината на домовите од околината зградата е од цврст бетон со цел да се намали видливоста на ентериерот од надворешна страна.
Екстериерот на куќата е обележан со стаклени сегменти за да се обезбеди природна светлина.
Куќата е поделена на три скалести полукатови во кои се сместени влезниот ходник, дневната соба и спалните соби.
На второто ниво има две бањи и работна соба, додека на третото ниво е кујната, трпезаријата и простор за седење.
Дополнителниот трем е на спротивната страна од дневната соба и пружа континуитет меѓу внатрешните и надворешните површини.