Трамп ќе се жали на блокирањето на вториот указ за имиграција од судии во Хаваи и Мериленд

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека ќе ја обжали судската одлука за запирање на дејствието на неговиот втор указ за прашањата на миграцијата, пренесоа француските медиуми.

-Имаме намера да ја обжалиме оваа погрешна судска одлука, изјави портпаролот на Белата куќа, Шон Спејсер.

Тој прецизираше дека правниците на Белата куќа ќе проценат која е најдобрата стратегија за обжалување, откако ќе ги добијат објаснувањата за судската одлука.

Во текот на само неколку часа, завчеравечер и вчераутро, двајца федерални судии од државите Хаваи и Мериленд, го блокираа влегувањето во сила на спорниот текст, што на државјаните на шест муслимански земји им забранува влез во САД.

Судиите ги прифатија аргументите на демократските држави и на актвистите за правата на човекот дека указот ги дискриминира муслиманите.

Трамп изјави дека судскиот систем е политизиран и дека се забележува „беспрецедентна злоупотреба на власта“, што САД со блокирањето на неговата политика, ги прави „да изгледаат слаби“.

-Прашањето ќе го однесеме толку високо колку што ќе биде потребно, па дури и до Врховниот суд, доколку треба. Ќе победиме. Граѓаните ќе ги одбраниме по секоја цена, изјави Трамп на средбата со лица од јавниот живот на државата Тенеси.

Би можело да ве интересира

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти