Европратеници бараат конкретни датуми за членство на балканските земји во ЕУ

Од:

На земјите од Западен Балкан треба да им понудиме разумна перспектива со конкретни датуми за прием во ЕУ, изјави романскиот европратеник Кристијан Дан Преда во расправата за напредокот на Црна Гора во Европскиот парламент.

– Треба да знаеме да одговориме на очекувањата на земјите кандидати и потенцијално кандидати од регионот. Ова важи за секоја земја од Западен Балкан која е заинтерсирана за членство, рече Преда.

Тој нагласи дека за перспективите за членство во ЕУ на земјите од Западен Балкан „долго дискутирале“ со еврокомесарот за проиширување Јоханес Хан и високата претставничка на Унијата за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

– Да се ветува една несигурна иднина не е решение. Стратегијата на Комисијата мора да се промени, ако сакаме да ги зачуваме блиску до нас народите од Западен Балкан, бидејќи Турците и Русите се тука и тие се серизона конкуренција, нагласи Преда.

Би можело да ве интересира

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Каја Калас доаѓа во прва официјална посета на Балканот, Скопје не е на списокот

Горан Наумовски

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски